Како почнавме
Почнавме на Startup Weekend Bitola, од 11 до 13 септември 2026, со едно прашање: зошто толку часови почнуваат исто, со наставник што зборува и триесет глави наведнати кон телефоните?
Нашиот одговор е телефонот да стане дел од лекцијата. Наставникот поставува прашање, секој ученик одговара, а наставникот веднаш гледа кој разбрал.
Што правиме
TeacherAid од лекцијата на наставникот прави прашања на македонски. Во час наставникот ги испраќа од лаптопот, учениците одговараат на своите телефони, а присуството се запишува со едно скенирање на QR-код. На крајот на часот наставникот добива список подготвен за е-Дневник, а директорот секој месец добива извештај за целото училиште.
Зошто прашања во час
Обидот да се одговори, дури и кога одговорот е погрешен, помага подоцна да се запомни. Истражувачите тоа го нарекуваат ефект на претходно тестирање (Richland, Kornell и Kao, 2009).
Грешките направени со самодоверба полесно се поправаат кога ученикот веднаш го види точниот одговор (Metcalfe, 2017). Затоа TeacherAid го открива точниот одговор пред целиот клас, со кратко објаснување.
Како работиме
- Наставникот одлучува. Ништо не стигнува до учениците додека наставникот не го прегледа, а TeacherAid не запишува во е-Дневник.
- Податоците се на училиштето. Ги обработуваме за него, по договор и по Законот за заштита на личните податоци, и ги чуваме во Европската унија.
- Директорот нема ништо да учи. Извештајот сам стигнува на е-пошта.
- Без реклами и без следење.
Каде сме
Во Битола, Македонија. Пишете ни на hello@teacheraid.education. Во учебната 2026/27 почнуваме со првите училишта, а првиот час во секое училиште е бесплатен.